Променливо облачно и нестабилно време со повремени врмежи од дожд не очекува денеска.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а максималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени.

Во Скопје, ни претстои променлво облачно време со повремен дожд, попладне проследено со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. 

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.