Бугарскиот патријарх Неофит се надева дека со божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој тој го означи како „нешто во кое вреди да се вложи“.

– Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме радосни и среќни. За многу години, изјави бугарскиот патријарх за БГНЕС одговарајќи на прашање како ќе и помогне на Вселенската патријаршија при решавање на прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Неофит учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија.