Само десетина минути претпладнево се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во Македонија.

Дваестина минути утрово се чекаше за излез од државата, во најголемиот налет на туристи што, исто така, се смета за нормално кога треба да се помине граница и да се направат задолжителните формалности за  проверка на документи, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.

Дежурните информираа дека состојбата е под контрола. Функционираат со три до четири сообраќајни ленти и оти поголем метеж  на „Богородица“ денеска не очекуваат.

Состојбата е слична и на спротивната страна, на граничниот премин „Евзони“, каде се чека по петнаесетина минути.