Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека нема нови пациенти кои јавиле симтоми на коронавирус и кој се тестираат. За веќе објавените резултати, Филипче потенцираше дека истите се репроверени во лабораторија во Германија, која е супервизија на нашата лабораторија.

– Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирусот. Новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа резултати од лабораторијата од Германија, кои ги потврдија сите наши тестови. Тоа е потврда за точноста на нашата лабораторија на Институтот за јавно здравје. Набавка на дополнителна опрема е во тек, за да се дополнат нашите резерви. Дезинфекционите средства уште утре ќе бидат доставени од основните училишта – рече Филипче.

Граничниот премин Табановце е нафреквентното место од каде влегуваат лица кои патуваат од северна Италија. Филипче вели дека таму нема проблеми и се почитуваат сите прописи.

– Во посета сме на граничниот премин Табановце за да видиме дали припадниците на Царинската управа, МВР, како и на Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми или предизвици. Можам да кажам дека работата тече одлично. Целосно се почитуваат прописи, тоа значи дека се прашува секое лице, односно се прави епидемилошка анкета, а ако е позитивна се праќа кај епидемиолозите. Смеам дека ова е одлична координација – додаде Филипче.