До овој момент нема информација за македонски граѓани кои се заболени од коронавирусот во Италија, соопшти Министерството за надворешни работи по информациите добиени од Генералниот конзулат на Македонија во Венеција.

Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус во Италија.

– Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот – велат од МНР.

Министерството препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период. Повеќе информации можете да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 државјани на Македонија. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил [email protected].