Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека ќе се врати на својата основна професија во Клиниката за неврохирургија, веднаш по владината реконструкција, во изјава за ТВ24.

– Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот центар – кажа Филипче, додавајќи дека најмногу може да придонесе во здравството преку неговата професија.

Тој нагласи и дека засега не размислува за друг политички ангажман.