На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

За излегување од Македонија, пак, на ГП Богородица, има колони возила – и патнички и товарни. Сепак, долги задржувања нема, иако се чека нешто подолго од вообичаено, веројатно поради контролата на документите за патување поврзани со правилата за заштита од ковид-19.

На ГП Меџитлија нема ниту колони, ниту застој. Задржувања нема ниту на Ќафасан кон Албанија и Деве Баир кон Бугарија.