На граничниот премин Табановце за излез од Македонија има зголемена фреквенција на возила и се чека од 15 до 30 минути.

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.