Фото: Игор Бансколиев

На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути.

На останатите гранични премини, како што информираат од Автомотосојузот на Македонија од македонска страна, нема подолги задржувања.

Од денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.