На свечениот ручек за папата Франциск ќе бидат послужени вина на винарницата „Стоби“

Папата Франциск за време на неговата историска посета на земјава во вторник (7 мај) ќе биде послужуван со ексклузивни вина на винарницата „Стоби“. Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата Франциск и на кој, освен Светиот Отец, ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но и на сите други свечени собири во деновите пред доаѓањето на папата во Скопје организирани за високи гости.

На свечениот ручек организиран во чест на папата ќе се служат едни од најквалитетните вина на винарницата „Стоби“, од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, односно белото вино „’ркацители“, розе-виното „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.

– Навистина сме почестени што Скопската бискупија како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје ни ја даде својата доверба и ги оцени вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја, со кои треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск.

Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан, кој е од огромно значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.

Винарницата „Стоби“ обезбеди подароци за папата Франциск, како и за сите членови на високата делегација што ќе присуствуваат на свечениот ручек.