Поради појава на магла има намалена видливост од 150 до 200 метри на планинскиот премин Плетвар, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во северозападните и западните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка, Тетово, Маврово и Павлешенци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.