Од 18 часот започна централна свеченост на Мечкин камен, Крушево, каде се одбележува 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Оваа година се прославуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Заседанието на АСНОМ.

Веќе беше поздравена илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, а потоа се положи цвеќе и венци на споменикот на Мечкин камен. Меѓу тие што веќе положија цвеќе се претседателот Стево Пендаровски, делегацијата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и министрите Спасовски и Филипче, како и делегација на Собранието, предводена од спикерот Талат Џафери.
На свеченоста настапија ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.