Снежната покривка во Маврови Анови достигна 24 сантиметри, додека на Попопва Шапка има девет сaнтиметри снег. Седум сантиметри снег има во Лазарополе, два во Претор и еден сантиметар во Берово.

Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени. Во Скопје претпладне ќе биде магливо, во текот на денот сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.