На денешен ден во 1963 година излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“, кој од своето основање има карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел, придржувајќи се до стандардите за професионално известување и информирање на читателите. Редакцијата на „Нова Македонија“ им го честита роденденот на колегите од „Вечер“.