Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно на места по влажни коловози.

Јавното претпријатие „Македонија Пат“ известува дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.