Зголемена фреквенција на возила изуттринава има на граничниот премин Богородица, каде за излез од Македонија се чека од 15 до 30 минути.

На другите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.