Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот до среда во времетраење од 9 до 18 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.