Македонија изутринава е повторно обвиткана во магла, а најзагаден воздух дишат жителите на Битола. На повеќето патишта има густа магла, поради што од АМСМ ги предупредија возачите на внимателно возење поради намалена видливост.

Мерните станици ширум земјата покажуваат дека утринава во Битола 2 е најзагадено и тоа со 136 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, па следат Миладиновци, Тетово, Струмица, Ректорат и Гази Баба.

Вчера беше најзагадено во Куманово каде што беа измерени 640 микрограми на метар кубен, со што вчера градот беше опасен по живот, а Владата одржа итна седница.