Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за правда најавува дека до крајот на неделава ќе излезе со сериозни предлози за три законски решенија од кои дел предвидуваат измени во Законот за извршување, но и создавање на посебни закони за решение на каматите и репрограмирањето на долговите.

– Потсетуваме дека го изменивме Законот за извршување, го доуредивме постапувањето на извршителите и сериозно ја намаливме Тарифата на извршителите. Така, за извршување на платните налози за комунални дејности, трошоците на граѓаните се намалени најмалку пет пати. Единаесет ставки од Тарифата на извршителите со новите измени се сега бесплатни, односно за нив извршителите немаат право да наплаќаат трошоци – велат од ресорното министерство.

Во однос на денешниот протест на Комората на извршителите, велат дека Комората е автономна во своето одлучување и додаваат дека Министерството ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита како на доверителите, така и на должниците.