Фото: Архива

Македонија и ние како Македонци немаме простор за било какво откажување. Ова е новосоздаден спор за време на оваа власт, а токму попусливоста, но и пазарџискиот менталитет на првиот човек на владата ги отвори апетитите на Бугарија која во таквото блокирање го наоѓа својот интерес за внатрешната битка на тамошната политичка сцена. Македонските црвени линии се содржани во резолуцијата изгласана во Собранието на Македонија и нема простор за попуштање на штета на националните интереси… Во тој контекст владата оваа и секоја наредна мора да води офанзивна и проактивна политика на заштита на нашите интереси. ВМРО-ДПМНЕ е за отворени односи со нашите соседи, но и за взаемно почитување. Ако бараат почит, тогаш ќе мора да дадат почит, впрочем тоа е принципот на реципроцитет, вели Христијан Мицкоски во интервјуто за „Нова Македонија“ за маневарскиот простор на македонската страна во однос на преговорите со Бугарија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, во утрешното интервју за „Нова Македонија“, прво по неговиот реизбор на партискиот конгрес, одржан пред десетина дена, ги открива насоките на дејствување конципирани во новата докртина. Мицкоски ги скицира позициите на неговата партија за најактуелните предизвици на македонската држава и општество: Има ли Македонија воопшто простор за евентуални нови остапки во преговорите со Бугарија и дали треба ли да се откажеме од тоа дека сме Македонци, од македонскиот јазик, од историјата, од идентитет? Кои се најголемите предизвици за Македонија во овој миг, на внатрешен и на надворешен план? Која е политичката цена што ја плаќаат големите партии за коалицирање со помалите партии? Дали сами со избори се решаваат натрупаните проблеми во државата и во општеството? Потребно ли е обединување на двете најголеми партии за прашања од суштински национален интерес?