Во касарната „Илинден“ веќе неколку дена војниците и старешните се оставени без греење, обвини Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Војниците се насочуваат да земаат слободни денови, за да има помалку луѓе во работните простории. Целта е да се исклучуваат некои грејни тела, бидејќи ако секаде се вклучат грејни тела во павилјоните, паѓаат и избиваат осигурувачи. На војниците им се наредува да се собираат во една просторија, каде што групно ќе се греат на греалици, кои им било кажано да ги донесат од дома – рече тој.

Дополнително, додаде Нацев, војниците дури и потценувачки се охрабруваат да издржат уште неколку дена без парно, бидејќи ќе се затоплело времето, па немало да биде толку ладно.

– До кога со декларативни заложби и лажна загриженост за војската? До кога војниците ќе ги трпат на свој грб незаинтересираноста и неефикасноста на тимот на Шекеринска, кој е составен од партиски послушници, а не од професионалци кои ја сакаат Армијата и кои сакаат да придонесат за нејзино оптимално функционирање – праша Нацев.