Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, објави на социјалните мрежи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

– Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година – наведе Бесими.

Според министерот, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.