Ски – центарот „Попова Шапка“ соопшти дека ги намалува цените на билетите.

Со намалувањето, од сабота, 30 јануари, до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по следниве цени: Дневен ски билет – 800 денари; Полудневен ски билет – 550 денари; Детски ски – билет – 400 денари; Ноќно скијање – 400 денари; Поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари; Поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари; Поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари.

За сите билети во Ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на ски – билетот на благајната.