Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 10 до 20 метри, на Стража од 50 до 80 метри, на Ѓавато, Плетвар и Пресека видливоста е до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.