Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Оттаму предупредуваат дека поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 60 метри во Ресен и Прилеп, од 20 до 30 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот премин Ѓавато.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.