Владата донесе одлука за влез и престој на странски вооружени сили во Македонија.

Се работи за воена вежба која ќе се одржи во период од 28 април до 30 јуни 2021 година и која е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21”.

Во вежбата ќе учествуваат околу 1.300 припадници на АРМ и активно учество на 500 припадници од Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, 20 припадници од Вооружените сили на Република Грција и 20 припадници од Вооружените сили на Република Бугарија – со возила, вооружување, опрема, материјално-технички средства и воздухоплови.