Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за здравство информира дека до вчерашниот ден закажани се 20.069 граѓани за бесплатна вакцинација за наредните денови во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава.

Од институцијата истакнуваат дека во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат, а дополнително, треба да пристигнат и 14.400 дози од вакцините.

-Во понеделник следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација и ќе се пуштат сите останати термини – нагласуваат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека здравствените установи се добро организирани и има одзив од граѓаните за вакцинација.

Здравство апелира до граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип, да го заштитат како своето здравје, така и колективното.