Министерството за труд и социјална политика, во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Владата, ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинати воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој, како и во дневните центри на територијата на Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа.

За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и му се препорачува на приватниот сектор еден од родителите на децата до 10 години, кои ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да биде ослободен и од обврската да ги извршува работните обврски и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавецот.

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и му се препорачува на приватниот сектор привремено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.