Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколците дека онлајн-платформата чини 15,5 милиони евра.

– МОН, како што и претходно веќе информира, ја известува јавноста дека онлајн-платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар – велат од МОН.

Оттаму додаваат дека платформата е функционална и од почетокот на годината, па досега над 80 проценти од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел.

– Преостанатите 20 отсто немаат проблеми со платформата, туку со интернет-конекција или немање уреди за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици – велат од Министерството.