Министерството за образование и наука континуирано работи на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, како и на стандардите за ученички и студентски стандард, соопшти МОН по денешниот протест  во Тетово на студенти од неколку универзитети незадоволни од состојбите во високото образование во Македонија.

-Во тој контекст, институциите на системот се во постојана комуникација со сите засегнати чинители, вклучувајќи ги и самите студенти и учениците кои се дел од процесите за креирање на младинските политики, економските политики, креирањето на законските решенија и дел од управувањето и одлучувањето во институциите на системот, соопшти МОН.

Министерството додава дека со внимание ги следи барањата на студентите искажани  на протестот кој денеска го организираа во Тетово, а кои досега, како што посочува, не биле официјално доставени до Министерството за образование и наука.