Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата и од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата, соопштија од МОН.

Од таму информираат дека за успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс.

– Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата – се наведува во соопштението.

За училиштата кои ќе работат со физичко присуство, Министерството за образование и наука апелира до директорите, наставниците, родителите и учениците да се придржуваат на строгите мерки за заштита од ковид-19, бидејќи тие се клучни за спречување на ширење на заразата.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, а за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.