Никола Груевски молчешкум и со насмевка ја напушти судницата во Будимпешта, одбивајќи да одговара на прашањата на новинарите, по рочиштето на кое не беше одобрена неговата екстрадиција, пишува унгарскиот неделник „ХВГ“. 

– Груевски само се насмевна, не одговори на прашањата и потоа им го сврте грбот на новинарите. Тој не сакаше да зборува ниту за македонската постапка за екстрадиција против која се жалеше – наведува унгарскиот неделник. 

Присутните медиуми инсистираа на одговори на прашањата поврзани со одлуката на судот, евентуалното враќање на поранешниот премиер во Македонија, можноста за барање на унгарски пасош и начинот на кој се финансира… Но Груевски одби да даде коментар, откако излезе од судницата на спореден влез.