Државниот секретар Зоран Попов денеска во Министерството за надворешни работи ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореја кои беа изложени на вербален напад на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.

– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот – гласи пораката која била испратена на средбата.

Воедно било посочено дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови на нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество.

Јавноста вчера беа ужасната од видеото кое се појави на социјалните мрежи, а во кое среде центарот на Скопје, човек снима додека ги навредува корејските мисионери, алудирајќи тека тие се од Кина и следствено на тоа носители на коронавирус.

Потоа се покажа дека вербално нападнатите лица се од Јужна Кореја и биле во туристичка посета на главниот град откако одржеле предавања за мир и толеранција за ученици во Свети Николе.