Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во, или транзит низ таа земја.

Македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош може да се обратат до македонската амбасада во Тел Авив на мобилниот број +972549096965 или некој од СОС броевите објавени на веб-страницата на Министерството.