Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка.

Овој закон предвидува на младите до 23 години, по завршување на средно образование да им се доделуваат на нивните сметки по 3.000 денари за работа во производството.

– Со цел да се стимулира запишување во средни стручни училишта и поттикнување на вработување по завршување на средното образование, се наметна потребата од законско регулирање на мерка за обезбедување на додаток на младите лица до 23 години кои ќе се вработат или се вработени претежно во производните области – стои во текстот на предлог-законот.

Парите за младински додаток ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот.