Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода и се запиша помеѓу народите предводници на антифашистичката борба, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговата честитка по повод 11 Октомври.

– Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек. Во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чуствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени – посочува Мицкоски.

Според него, партизаните, нашите втори илинденци, залудно не газеле по снеговите, не се бореле и гинеле за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство.

– Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот. Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избор – вели Мицскоски во честитката по повод 11 Октомври и во чест на хероите од Антифашистичката борба.