Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски, остварија средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

На средбата Мицкоски го информираше Ќучук за актуелните внатрешни политички случување во Македонија.

– Претседателот Мицкоски посебно се осврна на слабостите кои се идентификувани со распространетата корупција, злоупотребата на институциите и слабите резултати од областа на здравството и економијата во овој кризен период, како и ја истакна загриженоста што владата ги нарушува идентитетските прашања што се последната црвена линија за заштита на националните и државни интереси.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ останува стратешки посветена на евроинтеграциски процес на Македонија со очекување дека секој понатамошен чекор е во насока на отворање пристапни преговори кои ќе бидат на принципиелна основа и со почитување на меѓународното право и основачките договори на Европската Унија – соопшти партијата.