Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, предложи денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик – додава тој.

Како што вели Мицкоски, бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата и затоа мора бремените жени да се заштитат од овој ризик.