Шумската, судската полиција и дел од редовната полиција од пелагонискиот регион утрово од 7 часот протрстираат на патот Прилеп – Скопје, на излезот од Прилеп. Се одлучиле на протест за да го изразат своето незадоволство од непотпишаниот колективен договор и ниските плати.

– Ова е протест преку кој го искажуваме нашето незадоволство од тоа што не е потпишан колективниот договор со што ќе се утврдат нашите права и должности. Воедно бараме зголемување на платите за 25 отсто. Доколку нема слух за нашите барања одиме на штрајк – велат претставници од шумската полиција. Ка.М.