Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за ковид-19.
– Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за ковид-19 – напиша Спасовски на Фејсбук.

Министерот додава дека клиничката слика му е добра, само со благи симптоми и дека веќе е во домашна самоизолација.

Спасовски досега два пати беше во самоизолација поради контакти со лица позитивни на ковид-19, но тогаш резултатите од тестирањата му беа негативни.