Mинистерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси откако Комисијата за жалби по јавни набавки ги уважила сите три жалби кои се однесуваат на тендерот.

Според министерот Венко Филипче, уште за време на евалуацијата било увидено дека има несоодветна документација од понудувачот, но не можеле да го поништат бидејќи била почната постапката за жалби.

– Нов тендер ќе биде распишан, но пред да се случи тоа – ќе се преиспитаат тендерските правила за да не се повтори истата ситуација, вели министерот.

Тендерот предизвика низа контроверзи откако се обелодени дека само една фирма се јавила како понудувач, а како подизведувач се јавила фирма која била регистрирана четири месеци пред распишување на тендерот