Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе престојува во работна посета на Македонија.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека Палмер ќе оствари средба со министерот Никола Димитров, со кој ќе дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.