Фото: Макфакс

Во Струга нема дивоградби, истакна категорично градоначалникот Рамиз Мерко во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, со што и натаму не отстапува од ваквото тврдење, наспроти заклучоците во ревизорскиот извештај.

– На 3 март 2011 година се донесе Закон за бесправно изградените објекти и дека секој има право да поднесе барање за легализација. Дали ќе го прифати Советот на општината или не, тоа е сосема друга работа. Не значи дека треба да се рушат тие што се одбиени, туку тие ја немаат доставено целата документација, бидејќи многумина се во странство и немаа можност да се пријават – вели Мерко, кој додава дека неговата општина има наплата од 90 отсто на данокот на имот.