Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги потсети премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов дека мора да се усогласат едни со други.

– Владите постигнаа согласност за зелена агенда и целта е да се придонесе за заштита на климата, тоа е суштинско прашање за развој на шесте земји на Западен Балкан. Имам големо задоволство да ве повикам сите вас следното лето во Берлин за да го наградиме сето она што беше постигнато во овој процес – рече Меркел на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес кој се одржува во Софија.

Заев и Борисов изразија благодарност за заложбите на Германија за спроведување на Берлинскиот процес.