Кандидатите за полицајци од генерацијата 2017/18 година од 1 јуни 2018 година ќе бидат професионално ангажирани во Министерството за внатрешни работи како приправници.

Како што информира МВР, за таа цел веќе се обезбедени новите полициски униформи.

– Почитувани кандидати за полицајци од генерацијата 2017/18 година, Ве известуваме дека од 1 јуни 2018 година ќе започне вашиот професионален ангажман во Министерството за внатрешни работи како приправници. Апелираме да не подлегнувате на невешти обиди за манипулација поттикнати од нечии лични интереси – се вели во соопштението од МВР.