Попладне пред владата мајките на деца до шестгодишна возраст и оние на породилно отсуство го одржаа вториот протест против одлуката за враќање на работа од 23 септември.

Родителите бараат да се испочитува препораката од Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до крајот на годинава, бидејќи новиот број заболени од ковид-19 ги става под ризик градинките и децата.

Според одлуката на Владата од 14 септември, родителите на деца до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да тргнат на работа почнувајќи од 23 септември.