На протест пред владата попладнево излегоа мајките на деца до 6 години, кои според владината одлука треба да се вратат на работа. Тие бараат продолжување на отсуството до крајот на годината, како што беше претходно препорачано од Комисијата за заразни болести.

Според нив, во градинките нема место и не можат да ги запишат своите деца. Дел пак стравуваат за здравјето на децата. Во знак на протест оставија празни бебешки шишиња пред зградата на Владата.

Родителите на деца до 10 години беа ослободени од работа за да се грижат за децата по затворањето на градинките и училиштата поради пандемијата на коронавирус.
Пред неколку дена владата донесе одлуката тие да се вратат на работа од 23 септември.