Фото: Архива

Матурантите привремено го прекинуваат бојкотот на наставата во периодот од 6 до 12 февруари, како што соопшти вечерва Сојузот на средношколци.

Ваквата одлука е донесена откако Сојузот на средношколци увидел дека ужива поддршка од страна на над 70 пратеници, по средбите во Собранието.

– Ни требаат и квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања – се наведува во соопштението.

Бојкотот на наставата почна поради барањата на матурантите да полагаат два наместо четири предмети на државната матура.

Претходно Сојузот на средношколци испрати писмо до пратениците во кое беше побарана поддршка од Собранието.