Експедиција од петмина членови од Битола и Франција денеска претпладне тргнаа на 10 дневен марш по патеката на Македонскиот фронт од Првата светска војна, од Битола до Солун, во должина од 240 км.

Екседицијата која својот старт го имаше од Француските  гробишта во Битола ја сочинуваат директорот на Францускиот Институт во Скопје Емануел Рембер, францускиот новинар и историчар Емаунуел Ешт, потоа алпинист и познат битолски планинар како и професионалниот водич Петар Нолев.

Француско македнскиот тим со мазги и коњи ќе се обиде за 10 дена да ја помине патеката од Битола до Солун. На овој невообичаен марш тие ќе поминат низ мариовските села Маково, Рапеш, Будимирци, Ридир, летна караула до врвот Кајмакчалан, а потоа по сртот на планината до Мало Ниџе и местата викани Базерот, Бела Земја, Сокол, Добро Поле, Кралица, Кожуф ќе пристигнат до  Гевгелија, а од таму до Солун.

-Подготвени сме да ја изодиме патеката долга 240 километри. Ќе спиеме на отворено, ќе подготвуваме храна на терен која ја носиме со еден коњ и мазга, ќе фотографираме и пишуваме. Сакаме да посветиме посебно внимание на овој дел од историјата, да ја информираме јавноста и секако да го одбележиме крајот на Првата Светска војна – рече меѓудругото Франсоа Рембер, директор на Француски институт-Скопје.

На учесниците на маршот среќен пат им посакаа градоначалничката на Битола Наташа Петровска и почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија- Стилиновиќ.

М.М.