Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Со ова, велат од Министерството, се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите, а потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од осум до 18 отсто. Најголемо зголемување добиваат Основниот кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.